Со голем успех заврши овогодинешното издание на ITD Tech Days, традиционален настан на ИТД Дистрибуција кој ги собра најважните партнери, експерти и компании од ИТ индустријата.

Настанот се одржа во хотел „Изгрев“ во Струга и понуди целодневна програма исполнета со презентации, практични демонстрации и можности за вмрежување. Присутните имаа можност да се запознаат со најновите решенија и трендови во областа на вештачка интелигенција, заштита на податоци, сајбер безбедност, хибридна работа и современи инфраструктурни решенија.

Овогодинешното издание собра повеќе од 150 учесници и ги вклучи презентациите на водечките глобални брендови како Dell Technologies, Check Point, HPE, Barracuda, Fortinet, HP, Poly, TP-Link, Vertiv, Commvault и Imperum.
За разлика од минатата година, програмата беше уште поширока и понуди повеќе вендори, со што ИТД Дистрибуција ја потврди својата улога како value-added дистрибутер, кој нуди не само производи, туку и целосни решенија, услуги, поддршка и експертиза за партнерите.
Практичните демонстрации и успешните приказни од реални проекти овозможија на партнерите директен увид во примената на новите технологии на македонскиот и регионалниот пазар.
„ITD Tech Days претставува можност за нашите партнери и клиенти директно да се запознаат со најновите технологии и решенија кои ја обликуваат иднината на ИТ индустријата. Горди сме што заедно со нашите партнери успеваме да изградиме силна заедница која расте и се развива секоја година,“ изјави г-ѓа Биљана Шеновска, генерален менаџер на ИТД Дистрибуција.
Посебен акцент на програмата беше панелната дискусија „Hot, Flat & Crowded IT World“, каде индустриски експерти споделија искуства и визии за предизвиците и идните трендови на ИТ пазарот.
Настанот беше заокружен со вечерна забава покрај плажа, која овозможи неформално дружење и размена на искуства.
ITD Tech Days 2025 уште еднаш го потврди статусот на еден од најрелевантните ИТ настани во регионот, поставувајќи нови стандарди за едукација, инспирација и градење партнерства.
Во продолжение, погледнете дел од атмосферата на настанот:
