Skip to content
Home » PR » 5-ka za DELL

5-ka za DELL

5-ка за Dell!

Задоволство ни е да Ве информираме дека лаптопите Dell  Vostro и G5 моделите купени преку дистрибутерската мрежа на ИТД Дистрибуција ДОО содржат единствен гарантен пакет со 5 години гаранција.

Безгрижност загарантирана, DELL одличен 5.

Гарантниот пакет нуди 5 поволности за 5 години долгорочна безбедност, како и непречено работење поддржано од нашиот овластен сервис преку неговите висококвалитетни услуги. Заедно со кутијата на секој продаден лаптоп Dell, клиентите добиваат гарантен лист, упатство за користење на уредот и сервисна картичка на која детално се објаснети сите детали и упатства за користење на споменатата услуга.

5-ка Dell за 5 придобивки:

  • 5-годишна гаранција – Во случај на фабрички дефект предизвикан од уредот, како што е дефинирано во гарантниот лист, во рок од 5 години од датумот на купување, клиентите имаат право на бесплатна услуга во сервисниот центар на ИТД Дистрибуција, овластен сервис на Dell во Македонија.
  • 5 години бесплатно одржување – За да обезбеди непречена работа на вашите Dell уреди, Dell соработува со овластениот сервис на ИТД Дистрибуција за да организира бесплатно превентивно компјутерско одржување. Превентивното одржување опфаќа, целосна проверка на функционалноста на уредот, исто така проверка на компонентите за термална проводливост и ладење на уредот. Доколку за време на проверката се открие отстапка од пропишаните правила, односно доколку некоја од компонентите не ги задоволува стандардите на Dell истата ќе биде заменета бесплатно.
  • 5 години далечинска поддршка – на корисниците на овој уникатен пакет им се обезбедува еден час „онлајн“ поддршка што може да се користи во повеќе сесии за време на траењето на оваа гаранција. Поддршката се обезбедува преку Интернет, преку далечинско поврзување на инженерите користејќи безбедни алатки за далечински пристап и контрола. Благодарение на оваа напредна услуга, клиентот не е обврзан да потроши драгоцено време носејќи го својот компјутер во сервисниот центар или да чека додека не се реши проблемот, а инженерите се способни да решат некои од најкомплицираните проблеми, согледувајќи го проблемот во интеракција со корисникот.
  • 5 години резервни делови – Сервисниот центар на ИТД Дистрибуција ќе се погрижи да обезбеди резервни делови за брз одговор во период од 5 години по набавување на уредот. Ова се однесува на компонентите кои се склони на расипливост поради активно или неправилно користење, такви компоненти се: ладилници, вентилатори, батерии, адаптери и сл.
  • 5 години бесплатна надградба – Доколку корисникот смета дека компјутерскиот систем не ги задоволува неговите потреби и очекување, и кај истиот сака да направи надградба на некоја компонента од типот на РАМ меморија, ССД, ХДД или батерија, сервисната услуга ќе биде изведена бесплатно, односно корисникот е потребно да ја обезбеди посакуваната компонента за надградба.

Оваа услуга е достапна за корисниците на пакети бесплатно еднаш во првите 5 години од користењето.

Непроценливо искуство во користењето на уредите на Dell;) – Проверете зошто Dell е единствениот бренд што може да ви понуди гаранција од 5 години!

Важно: Крајните корисници кои ќе купат DELL уред со  5-годишна гаранција  се обврзани по истекот на втората година од денот на купувањето на уредот наведен во фискалната сметка, односно шест месеци пред истекот на третата година, да го донесат својот DELL уред кај овластениот сервисер ИТД Дистрибуција на редовен сервис, кој редовен сервис е задолжителен да се изврши и во четвртата и петата година.

 

Доколку крајниот корисник шест месеци пред истекот на третата година од денот на купувањето наведен во фискалната сметка, DELL уредот ниту еднаш не го донесе на редовен сервис кај овластениот сервисер ИТД Дистрибуција, го губи правто на 5-годишна гаранција.

5-годишна гаранција е доброволна гаранција која ја нуди дистрибутерот согласно условите наведени во упатството за користење на овој гарантен пакет. Таа обезбедува права кои се засебни од правата што се предвидени со прописите за заштита на потрошувачи, вклучително и, но без ограничување на, права што се однесуваат на несообразни производи.

Затоа, погодностите од 5-годишна гаранција  претставуваат дополнување, а не замена на правата предвидени со прописите за заштита на потрошувачи.

Потрошувачите имаат право да избираат дали ќе бараат сервис според 5-годишна гаранција  или според нивните права што произлегуваат од прописите за заштита на потрошувачи.

 

Според законот за Заштита на потрошувачите сите DELL уреди купени од ИТД дистрибутивната мрежа се покриени со 3 години гаранција за крајните корисници. Гарантниот пакет DELL уред со  5-годишна гаранција вклучува 3 годишна гаранција + плус 2 години дополнителна гаранција за крајните корисници кои  шест месеци пред истекот на третата година, да го донесат својот DELL уред кај овластениот сервисер ИТД Дистрибуција на редовен сервис, кој редовен сервис е задолжителен да се изврши и во четвртата и петата година.

 

Пред да го донесете вашиот DELL уред за сервис согласно гаранцијата, треба да направите посебна резервна копија на содржините во неговите медиуми за складирање, да ги отстраните сите лични информации и да ги исклучите сите безбедносни лозинки. Содржините во медиумите за складирање на вашиот DELL уред може да бидат избришани, заменети и/или одново форматирани во текот на сервисирањето.

По сервисирањето согласно гаранцијата, вашиот DELL уред или заменски производот ќе ви биде вратен како што бил оригинално конфигуриран вашиот DELL уред при првичната продажба, заедно со применливите ажурирања. Враќањето и повторното инсталирање на други софтверски програми, податоци и информации не се покриени со оваа гаранција.

ИТД Дистрибуција ДОО Скопје ќе ги обработува и користи информациите на клиентите во согласност со Политиката за заштита на лични податоци.

 

 

 

Leave a Reply

We use cookies on our website. Some of them are essential for the operation of the site, while others help us to improve this site and the user experience (tracking cookies). You can decide for yourself whether you want to allow cookies or not. Please note that if you decline them, you may not be able to use all the functionalities of the site.