Dell Technologies ја претстави својата нова генерација компјутери со вграденa вештачка интелигенција (AI on-device), со цел да им помогне на корисниците да бидат по креативни и продуктивни, а истовремено да им ја олесни работата на IT администраторите. Овие нови уреди нудат подобрени перформанси и подолго траење на батеријата, освежен и модерен дизајн, како и најнови технолошки иновации во силиконските процесори и AI акцелератори.
Едноставен и јасен избор преку единствен бренд
Изборот на нов компјутер не секогаш е лесен – се земаат предвид брендови, модели, големина, перформанси, графика, складирање и материјали. Истражувањата покажуваат дека дури 74% од корисниците се откажале од купување поради збунетост.
Dell сега ги обединува своите производи под јасен и силен бренд – Dell. Портфолиото е подредено во три главни категории:
- Dell – за играње, учење и секојдневна работа;
- Dell Pro – за професионална продуктивност и сигурност;
- Dell Pro Max – за максимални перформанси и напредни корисници.
Овие линии опфаќаат и компатибилни дисплеи, додатоци и услуги, обезбедувајќи конзистентно корисничко искуство.
Персонализирани решенија за различни работни задачи
Новото Dell портфолио ја носи најновата технологија во секој уред, од процесори Intel Core Ultra (Серија 2) до AMD Ryzen, како и уреди со Qualcomm технологии за различни потреби. Интегрираната NPU (Neural Processing Unit) обезбедува AI перформанси што се прилагодени на конкретни задачи и оптоварувања.
Со помош на Dell Copilot+ и најновите AI функции, овие уреди овозможуваат лесна работа со напредни апликации и AI задачи, без да се загуби на продуктивност и стабилност.
Главни предности на новата Dell AI PC линија
- Подолга автономија – батеријата трае со денови, што го овозможува работењето без прекини;
- Современ и професионален дизајн – уредите се отпорни и елегантни, со материјали кои штитат од износување и влијание врз животната средина;
- Високи перформанси – од работа со интензивни задачи до AI инференца и модели на машинско учење со мобилните и фиксните Dell Pro Max работни станици;
- Лесно управување и безбедност – најсигурните и најуправливите AI PC уреди на пазарот, кои се заштита од најновите сајбер закани;
- Поддршка на одржливоста – модуларен дизајн и поголема употреба на рециклирани, обновливи и материјали со ниски емисии во целата гама производи. Дел од Dell Pro и Dell Pro Max уредите се првите комерцијални лаптопи со модуларен USB-C порт.
Дополнителни можности со Dell Pro AI Studio
Компаниите сакаат да користат AI модели обучени на своите податоци, локално, за да одговорат на специфични потреби и да ја зголемат ефикасноста. Но, креирањето и управувањето на овие модели е комплексно поради различните хардверски барања.
Dell го олеснува развојот на AI со Dell Pro AI Studio – најсофистицираниот AI toolkit во индустријата, кој ја користи технологијата NPU. Овој сет на алатки, развојни рамки и модели овозможува брзо и едноставно креирање и управување со AI софтвер, без разлика на хардверската платформа. Очекувано е времето за развој и имплементација да се скрати за до 75%, од шест месеци на само шест недели.