Skip to content

ITD MK & DELL Technology partner event

На 27 и 28 Мај 2022 се одржа ITD MK & DELL Technology partner event во хотел Инекс Олгица, Охрид. Најдобрите настани произлегуваат како резултат на долгогодишни партнерства и тимско работење, го потврдивме тоа во викендот што измина на ITD MK & DELL Technology Partner настанот кој беше фокусиран на иновации и технологија.

Посебна благодарност до нашите почесни гости, претставници на Dell Technologies – Александар Антиќ, Сашо Тасевски, Златко Лељак и Бруно Бајец за нивните презентации и согледувања за трендовите во индустријата.

На нашите соработници, партнери, пријатели и колеги кои не почестија со своето присуство би сакале да им се заблагодариме од име на нашата компанија како и во име на целиот тим на Dell, за одвоеното време, присуство и внимание. Се надеваме дека поминавте добро и квалитетно време на презентациите, дека чувте доста новитети и можности кои ќе влијаат врз вашата секојдневна работа со овој бренд.

Овој настан беше одлично освежување од изминатите 2 години, а воедно во духот на „Stronger Together“, успеавме да го одбележиме и 15-годишното постоење на нашата компанија, ИТД Дистрибуција, лидер во дистрибуцијата на ИТ производи во Македонија.

За уште многу успешни!

Leave a Reply

Your email address will not be published.